Постот е непогрешлива терапија за многу болести и за вежбање на вољата

09.12.2020 14:05

Постот може да донесе многу физички и психички предности за организмот. Со причина се нарекува чудотворна терапија затоа што списокот на подобрени телесни состојби со постот е долг и разновиден...

Постот може да донесе многу физички и психички предности за организмот. Со причина се нарекува чудотворна терапија затоа што списокот на подобрени телесни состојби со постот е долг и разновиден. Тоа се алергиите, артритисот, пречки во варењето, кожни проблеми, кардиоваскуларни болести, астма, карцином и др.

Но постот сам по себе не е лек. Постот само создава соодветни услови за самоисцелување. Нашиот организам знае сам да се излекува, а ние притоа само не треба да да му пречиме.

Постот го поттикнува телесниот механизам за оздравување и доведува до подобрување на состојбата при која било болест.

Како помага постот?

Постот ќе го одмори системот за варење, ќе овозможи чистење и детоксикација на телото и доведува до чувство на леснотија и зголемување на енергијата. Со постот се вежба дисциплината на умот и затоа е одличен лек за „ штетните уживања“ со тешка храна на подолг период, затоа што континуираното внесување на процесирана , мрсна и тешка храна претставува големо оптоварување на организмот.

Енергијата што се заштедува во текот на постот се насочува кон лекување и окрепнување.

Таа енергија ги ослободува нашите клетки од отрови, ги регенерира ткивата и органите и го отстранува природниот метаболички отпад кој го произведуваат и здравите клетки.

Почетокот на постењето воопшто не е лесен и од психолошки и од физички аспект. По неколку дена веќе се појавува чувството на леснотија и зголемена енергија. Ве обзема поголем ентузијазам и ќе бидете свежи и со помалку сон.

По завршувањето на постот, особено ако се практикува повеќепати годишно придобивките се големи: се зголемува отпорноста на болести, имаме окрепнувачки сон, чиста кожа, Прочистен организам од отрови, , подобрени сетила, повеќе енергија, намалени симптоми на алергија, подмладување и ревитализација, одморен систем за варење, губење на вишокот килограми и подобрена состојба кај многу болести.

Постојат разни видови пост, а најдобро е да се почне со некој поедноставен и краткотраен. Дури и тој ќе ви донесе добробит и мал одмор за организмот. Секој треба да си го прилагоди постот според индивидуалноста, животниот стил, здравствената состојба и целта што сака да ја постигне, но, важно е што секој пост носи подобрување. Постојат неколку видови постење. Сувиот пост е најексртемниот облик вообичаено еден ден не се внесува ни храна ни вода. Се практикува еднаш неделно, освен некои луѓе кои што се извежбани па гопрактикуваат и подолго. Водениот пост е со внесување само вода и се смета за еден од најпрактикуваните и најстарите постови. Постот со вода има терапевтски вредности во краток период зашто се одвива забрзување на детоксикацијата. Постот со течности подразбира внес на разни природно цедени сокови. Делумен пост подразбира диетална храна за чистење на организмот или моно диета со внесување само ориз. Постот може да биде со исклучување на се што е од животинско потекло, тоа е христијанскиот пост, кој подразбира и воздржување од алкохол, цигари, од лоши зборови и дела.

Како најлесно да се започне постењето?

Најдобро е да се почне со еднодневен пост со свежо цедени природни сокови од органско овошје и зеленчук. Тој го подобрува здравјето и виталноста. Свежите органски сокови ги исфрлуваат сите лоши материи од телото., а се примаат витамини, минерали и други хранливи состојки кои му помагаат на организмот да изгради здрави клетки. Се практикува еднаш неделно.

За време на постењето препорачливи се само лесни вежби или пешачењепочесто одмарање или спиење. После постењето постепено се внесува разновидна храна во помали количества.

Секако доколку имате здравствени проблеми задолжителна е консултација со лекар пред постењето.

Соња Стојановска