ВМРО-ДПМНЕ денес го презентира отчетот за периодот 2011-2014
16.03.2014 10:20
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денес ќе го презентира отчетот за работата во периодот од 2011 до 2014 година.
Презентацијата на отчетот ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во „Александар Палас“.
Премиерот Никола Груевски во вчерашното гостување на Дневникот во Сител истакна дека отчетот е готов и завршен, а денес ќе биде дистрибуиран во поголем број на примероци.

Партијата излегува со програма, во која е напишано ако ја добиеш довербата што ќе сработиш и како ќе го сработиш тоа. Откако граѓаните ќе ја дадат довербата, етички и човечно е кога ќе ти заврши мандатот, да излезеш да кажеш што од тоа е сработено, што не е и зошто не е, рече Груевски.
Тој нагласи дека тие се првата партија која настапува на ваков начин, со што ја смениле политичката клима.
Не може да дејствува без програма. Сработеното ќе биде објавено на многу веб страни, ќе може секој да види, да прочита, да провери дали сме ја кажале вистина и потоа тоа да му влијае на следното гласање, рече Груевски.