Хакерски напад врз Европската агенција за лекови
10.12.2020 09:55
Фармацевтските компании соопштија дека при хакерскиот напад се погодени документи поврзани со дозволата за нивната вакцина против коронавирус. Нема индиции дека се погодени податоци од пациенти.

Европската агенција за лекови ЕМА е жртва на хакерски напад. Хакерите се обиделе да стигнат до документи за вакцина против корона на Бионтек/ Фајзер.
Фармацевтските компании соопштија дека при хакерскиот напад се погодени документи поврзани со дозволата за нивната вакцина против коронавирус. Нема индиции дека се погодени податоци од пациенти.
Според ЕМА, инцидентот нема да влијае врз роковите за проверка на вакцината. По соопштувањето на веста за хакерскиот напад, вредноста на акциите на Бионтек и на Фајзер на волстрит падна за 3,5%.
