Србија денеска избира нов Парламент
16.03.2014 10:23
Првите неофицијални резултати се очекуваат пред полноќ...

Над 6,76 милиони граѓани на Србија со право на глас денеска на предвремени избори ќе се изјаснат за составот на новото српско Народно собрание.
На изборите учествуват 19 листи на пратии, коалиции и независни кандидати, од кои седум се на партии на припаниците на националните малцинства за кои не важи правилото за надминување на избориот цензус од пет проценти за освојување пратенички места.
Паралелно со предвремените парламентарни, ќе се одржат и избори за членови на Собранието на Град Белград и на општинските собранија на Араанѓеловац, Бор, Неготин и Пеќници.
Првите неофицијални резултати се очекуваат денеска пред полноќ.
