Брисел

Дводневен годишен состанок на Европскиот совет во Брисел

10.12.2020 10:39

На првиот ден од самитот ќе се разговара за ситуацијата со пандемијата Ковид-19 во Европа.

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ на завршен годишен дводневен состанок на Европскиот совет во Брисел. На првиот ден од самитот ќе се разговара за ситуацијата со пандемијата Ковид-19 во Европа.

Втората точка на агендата ќе биде борбата против климатските промени и Договорот за постигнување на климатска неутралност во Европа до 2050 година и подигање на планираните цели за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година.

Безбедноста на ЕУ, борбата против тероризмот, екстремизмот и радикализацијата, како и проценка на надворешно- политичката состојба.