Струмица

Дијабетричарите во паника, нема брз инсулин

10.12.2020 12:31

Дијабетричарите велат дека нема брз инсулин кој им е потребен и оти сами на социјалните мрежи си позајмуваат. Стравуваат од последиците врзани со Ковид-19. Лекарите од струмичката болница смируваат, посочуваат дека инсулин ќе има за сите...

Како на купи - продај, вака изгледа само дел од коневрзацијата на дијабетичарите на кои им е потребен брз инсулин, а велат дека го нема во болниците ширум земајва.

И Здружението на дијабетичари од Струмица со реакција до здравствените власти, нема брз инсулин кој е важен за одреден тип на дијабет кој се апсорбира во крвотокот за неколку минути и има многу потенцијални придобивки за луѓето со дијабетес. Очекуваат дека наскоро ќе се надмине проблемот.

Првиот човек на струмичката болница смирува. Инсулин има доволно, а онаму каде недостасува брзиот инсулин ќе се распореди правилно и навремено.

Дијабетичарите стравуваат подеднакво како за немањето брз инсулин така и за фактот дека 68 отсто од починатите од корона вирус имале коморбидитети, односно дијабет.

 

Стојне Митева