Коронавирус

Половина Американци ќе се вакцинираат против Ковид-19

10.12.2020 13:45

Првичните резултати покажуваат дека вакцините на Фајзер/ Бионтек и на Модерна обезбедуваат силна заштита, а Администрацијата за храна и лекови во наредните денови ќе донесе одлука дали да почне со употреба на вакцините во САД.

Половина Американци сакаат да бидат вакцинирани против новиот коронавирус. Околу една четвртина од американците не се сигурни, а други 25 проценти се категорични дека нема да бидат имунизирани, покажуваат анкетите. Голем број од граѓаните се загрижени за безбедноста на вакцините и сакаат прво да видат како се развиваат работите. Експертите проценуваат дека најмалку 70 отсто од американската популација мора да се вакцинира за да се создаде колективен имунитет.

Првичните резултати покажуваат дека вакцините на Фајзер/ Бионтек и на Модерна обезбедуваат силна заштита, а Администрацијата за храна и лекови во наредните денови ќе донесе одлука дали да почне со употреба на вакцините во САД.

Во меѓувреме, фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина за Ковид-19. Со најновата донација, Фондацијата за борбата против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари. Парите ќе бидат наменети за тоа тестовите и вакцината да им се достават на слабо и средно развиените земји..

Британија е првата земја која почна со вакцинирање против Ковид-19. Веднаш потоа вакцината на Бионтек и Фајзер ја одобри и Канада.

Ова е значаен момент. Пред помалку од една година вирусот беше откриен, а сега веќе ќе овластуваме, и ќе дистрибуираме вакцина. Мислам дека тоа е само доказ за децениите наука и технологија и истражувањата што биле вложени во развојот на таа вакцина. Ова е исклучителен ден за Канада“, изјави д-р Суприја Шармаглавен медицински советник.

Вакцината на Бионтек е комплицирана, особено за сиромашните земји, бидејќи мора да се чува на многу ниски температури. И американската компанија Модерна, која тврди дека нејзината вакцина е ефикасна 94,5 отсто, побара одобрување од САД и ЕУ.

Обединетите Арапски Емирати ја одобрија вакцината против корона вирусот на кинеската компанија Синофарм. Според информациите, вакцината е ефикасна во 86% од случаите врз основа на заклучоците од анализата од третата фаза од тестирањата.

 

Марина Ристова