Утре вонреден инспекциски надзор за починатиот 28- годишен пациент
До инспекторатот пристигнале пријави за ненавремена грижа на пациентите. Во наредните денови контроли ќе следуваат и во битолската болница.

Од утре следува вонреден инспекцискиот надзор за 28- годишниот починат пациент од Ковид-19, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од таму посочуваат дека досега се иницирани 25 вонредни надзори за да се утврди дали имало пропуст во лекувњето или лекарска грешка. До инспекторатот пристигнале пријави за ненавремена грижа на пациентите. Во наредните денови контроли ќе следуваат и во битолската болница.
Државниот пазарен инспекторат во почетокот на месецов изрекол 4 решенија за забрана за работа и 30 прекршочни пријави на угостителските објекти. Кафетериите работеле по 21 часот и со присуство на повеќе гости. Инспекторатот за труд донел 18 решенија за неправилности од Законот за работни односи според протоколите за Ковид-19.
Од 52 надзори биле изречени и 2 прекршочни пријави поради непочитување на протоколот за меѓународен превоз на патници. Од Инспекцискиот совет велат дека контролите ќе продолжат засилено и за време на новогодишните празници.
Дијана Ценевска
