Средба Бучковски- Борисов во Софија
Според бугарскиот премиер, односите на меѓусебна доверба можат да се вратат само преку стриктно и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство од 2017 година...
Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Отсекогаш верував дека решенијата можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да ни простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија доколку не најдеме компромис што ќе даде перспектива“, оценил Борисов.
Според бугарскиот премиер, односите на меѓусебна доверба можат да се вратат само преку стриктно и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство од 2017 година.
Бугарија на два пати го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка со која формално требаше да почнат преговорите меѓу Скопје и Брисел.
