Ракомет

Три или бод, пораз никако за шампионски фајнл-фор

16.03.2014 12:10

До последно напнато во групата 1 во очи на последното групно коло во ракометната Лига на Шампионките...

На ЖРК Вардар СЦБТ по секоја логика и онаа од аспект на домашен терен, а и по квалитет и конечно изглед на табелата, не би требале да им претставуваат никаков проблем, трите бода. До нив треба да се дојде со денешната победа над шведските првеники Савехоф. Ако тргне нешто вон планираното, тогаш и бод ги спасува Вардарки кон патот за Будимпешта. Пораз не влегува во никаков есап.  

Далеку полесна е домашната работа за наш Вардар СЦБТ во арената Борис Трајковски, од онаа која ќе ја имаат германските и данските шампионки. Во Германија на гости кај Турингер, Митјиланд. Доколку победи германскиот тим, тие и Вардарки се дел од завршната елитна 4-ка. Победа од три гола пак на Митјиланд, а реми на црвено-црните ги носи нашите девојки и данските во битка за шампионски трон. Недај боже пораз во Скопје, а гостинска победа на Митјиланд, одат тие и Турингер. Но тоа сценарио не го посакуваме.

Уште нешто. Во моментов Турингер предничи за бод во однос на Вардар СЦБТ, во случај на реми во Германија, а триумф во Скопје, вардарки ја имаат лидерската појдовна позиција. Иако конечното бодовно конто би било исто, поради подобриот меѓусебен скор, предноста ќе ја имаат ракометарките на Кастратовиќ.

За сигурен мирен фајнл-фор настап, најфино три бода во Скопје за да си биде чиста работата. Потсетуваме првите два тима од групата 1 и групата 2 се дел од големата шампионска 4-ка. Приот од едната вкрстува со вториот од другата група. Во групата 2 сигурни со билет за можен трофеј, се бранителките Гер и Будуќност, кој од лидерското место ќе стартува во трката по тронот се дознава исто така денеска.

Вечерва 18 часот арена Борис Трајковски, ЖРК Вардар СЦБТ-Савехоф.