Меѓународен ден на човекови права

10.12.2020 15:02

Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство – порака од претседателот Стево Пендаровски на Меѓународниот ден на човекови права. Преку квалитетно образование за секое дете создаваме граѓани со високи општествените вредности, вели министерката за образование и наука Мила Царовска.

Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство – претседателот Стево Пендаровски со порака по повод Меѓународниот ден на човекови права. Годинава, овој ден го одбележуваме во време на пандемија, којашто уште повеќе го нагласи значењето на доследното почитување на правата на сите луѓе, истакна претседателот.

Образованието е меѓу најважните човекови права. Преку квалитетно образование за секое дете создаваме граѓани со високи општествените вредности, рече министерката за образование и наука Мила Царовска. Истакна дека силно и посветено се работи на воспоставување на инклузивен образовен процес, кој овозможува секое дете да го истакне полниот потенцијал.

На меѓународно ниво, пандемијата од Ковид-19 зајакнала две основни вистини за човековите права вели Генералниот секретар на Обединетите нации, Ггутереш. Според него, имала влијание врз ранливите групи, вклучувајќи работници на фронтот, лица со попреченост, постари луѓе, жени и девојчиња и малцинства и напредувала затоа што сиромаштијата, нееднаквоста, дискриминацијата и уништувањето на природната средина создале огромна кршливост во општествата.

Годинава, во светот се убиени 42 новинари и медиумски работници, а над 200 се затворени поради извршување на своите работни обврски, вели извештајот на Меѓународната федерација на новинари. Голем број од нив често се затворани без никакво обвинение.

 

Александра Спировска