СДСМ го повикува Мицкоски да се извини на граѓаните
СДСМ го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните за сите лаги со кои, како што велат, работел против својата татковина и народ. „Урнати се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет“ – велат Социјалдемократите. ВМРО-ДПМНЕ со став - за татковината со љубов е наместо да ставаат маска на лажен патриот, Зоран Заев да си оди заради предавничките политики...
Македонскиот идентитет не е распродаден, туку е сочуван, државата не е распарчена, велат од СДСМ. Обвинуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ биле единствените кои навивале Македонија да не добие датум за почеток на преговори и намерно и свесно ги блокирале реформите и законите вазни за интеграцијата во Европската унија. Социјалдемократите бараат извинување од Мицкоски.
Опозицијата, пак, ја обвинува власта дека не била способна за спроведување реформи. Сѐ што се гледало на виделина бил гол маркетинг, изглумеле дека работат за татковината со љубов, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија го повикува Заев да се извини за тоа што претходната власт рекол дека била режим, зашто тврдат дека дел од тие луѓе ги земал за екипирање и засилување.
Наташа Гркова- Петрушевска
