МВР: Украден сеф со 1,5 милиони денари од куќа во Битола
16.03.2014 12:20
Крадецот го скршил цилиндерот на влезната врата од куќата, влегол внатре и го одзел сефот...

Во куќа во Битола вчера е украден метален сеф со 18.000 евра и разновиден златен накит. Материјалната штета од кражбата изнесува 1,5 милиони денари, соопшти МВР.
Кражбата се случила во куќата на Б.Н (57), на ул. „Страшо Пинџур“ во Битола. Крадецот го скршил цилиндерот на влезната врата од куќата, влегол внатре и го одзел сефот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
