Предвремени локални избори

Штип и Пласница избираат градоначалници

11.12.2020 10:13

Молк пред неделните предвремени локални избори за градоначалници на Штип и на Пласница...

Молк пред неделните предвремени локални избори за градоначалници на Штип и на Пласница.

Како што соопшти Општинската изборна комисија од Штип денеска ќе гласаат пријавените 12-мина болни со Ковид- 19, како и лицата кои се во изолација. В сабота ќе гласаат болните, немоќните и осудените.

Според најавата, избирачките одбори во домовите ќе посетат 66 болни и немоќни лица, а за петте казнено- поправни институции во земјава се формирани исто толку избирачки одбори, кои треба да овозможат гласање на 67-мина осуденици од Штип.