Влада: Остануваме посветени на решение прифатливо за двете страни
11.12.2020 10:25
Во врска со доставениот нон-пејпер од Владата велат дека низ процесот на разговори и преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија има постојна и непрекината размена на мислења и на идеи...

Во врска со доставениот нон-пејпер од Владата велат дека низ процесот на разговори и преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија има постојна и непрекината размена на мислења и на идеи кои се испраќаат на писмен или вербален начин.
Остануваме посветени да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, а кое ќе овозоможи почеток на ЕУ- преговори за Северна Македонија без оспорување на македонскиот идентитет, соопшти Владата.
