Седници на две собраниски комисии
11.12.2020 10:33
Пред пратениците е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија...

Денеска во парламентарниот дом седници имаат закажано две собраниски комисии. Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно- правната комисија ќе расправаат за една иста точка на дневниот ред.
Пред пратениците е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, поради заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација и за спречување на ширењето на вирусот со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.
