КОВИД-19

Советот на ФДА препорача итно одобрување на вакцината „Фајзер“

11.12.2020 10:07

Во САД е забележан дневен рекорд од повеќе од 3.000 починати...

Советот на американската Агенција за храна и лекови препорача итно одобрување на вакцината против корона вирусот која ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. Одлуката беше донесена откако панелот се согласи дека придобивките ги надминуваат ризиците.

„Фајзер“ веќе доби зелено светло во Велика Британија, Канада, Бахреин и Саудиска Арабија. Формалното одобрување од ФДА се очекува во наредните денови. Во САД е забележан дневен рекорд од повеќе од 3.000 починати.

„Фајзер“ планира да испорача 6,4 милиони дози до крајот на декември.