НАГОРНО КАРАБАХ
Ердоган: Турција може да ја отвори границата со Ерменија
11.12.2020 10:40
На средбата со својот колега од Азербејџан, Илхам Алијев разговарале за формирање платформа за регионална соработка меѓу шест земји.

„Турција би можела наскоро да ги отвори своите гранични премини кон Ерменија доколку Ереван преземе позитивни чекори за регионалниот мир“, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
На средбата со својот колега од Азербејџан, Илхам Алијев разговарале за формирање платформа за регионална соработка меѓу шест земји.
Шефот на турската држава нагласи дека имал проблем со раководството на Ерменија, а не со народот.
