ЕВРОПСКА УНИЈА

Можни санкции за Турција поради спорот околу Источен Медитеран

11.12.2020 11:23

Брисел бара координирање на евентуални идни мерки со Бајден...

Челниците на ЕУ се подготвени да воведат санкции за Турција поради спорот во Источен Медитеран во кој таа ја оспорува експлоатацијата на енергенси со Грција и Кипар.

Според заедничката изјава на самитот на блокот, мерките би биле одложени до март. Брисел ќе бара координација со новоизбраниот американски претседател Џо Бајден кој ја презема функцијата во јануари.

Анкара тврди дека дејствува во своите територијални води на кои имаат право кипарските Турци. Во 2011 година, меѓународно признатата влада на кипарските Грци почна да трага по природен гас со американска компанија и покрај предупредувањата од Анкара.

Тензиите ескалираа во август кога турски сеизмички истражувачки брод влезе во ексклузивната зона на Кипар.