ПАКИСТАН
Русија и НАТО со заеднички воени вежби
11.12.2020 12:01
Маневрите почнуваат во февруари на пакистанскиот брег..

Руската морнарица ќе учествува во воените вежби на пакистанскиот брег заедно со НАТО. Противпиратските вежби наречени „АМАН- 2021“ се планирани во водите во близина на Карачи во февруари.
Последните воени маневри на Русија и Алијансата се случија во 2011 година на шпанското крајбрежје. Двете страни имаат несогласувања околу серија прашања, вклучувајќи го и анектирањето на Крим, Сирија и хакирањето на американските избори.
