Aхат- симбол на здравје, благосостојба и долговечност
Ахатот се смета за еден од најстарите кристали, создаден пред 15 илјади години. Се смета дека прв го пронашол грчкиот филозоф и природословец Теофрастус на подрачјето крај реката Ахатес на Сицилија, па според неа го добил и името Ахат.
Исклучителните својства на кристалите и новните позитивни ефекти на човекот се познати неколку илјади години. Нивната лековита и исцелителска моќ и вредности, ги препознале древните Египќани, Грци и Римјаните. Тие правеле накит и амајлии за лекување различни здравствени тегоби. Овие искуства се пренесувани низ историјата се до денес, а се одржале и со помош на легенди.
Старите Египќани со помош на изрезбарени садови од кристали, обичната вода ја претворале во света вода. Водата тогаш добивала исцелителна моќ. Египќаните ги дробеле кристалите во ситен прав, па го мешале со вода и така правеле разни лековити напивки.
Ахатот се смета за еден од најстарите кристали, создаден пред 15 илјади години. Се смета дека прв го пронашол грчкиот филозоф и природословец Теофрастус на подрачјето крај реката Ахатес на Сицилија, па според неа го добил и името Ахат. Старите Грци верувале дека оној што носи ахат ќе биде заштитен од мрачни сили, ќе има бистар ум и среќа во љубовта. дека ја јакне самодовербата , храброста и силата и дека го заштитува оној што го носи. Верувале дека носи разборитост, чува од лоши мисли и невозвратена љубов.
Во Стариот Рим ахатот бил посветен на божицата на плодноста, и дека им дава храброст, ведрина и издржливост на спортистите за да победат.Во средниот век исцелителите препорачувале низа од топчиња од ахат на сите што боледуваат од хронична кашлица, грло и заби.
За време на Ренесансата овој кристал во Италија се користел како талисман. И до ден денес се смета дека ги заштитува децата, привлекува среќа и љубов и придонесува за финансиски успех. Носи мирни соништа, помага за правилно насочување на енергијата и ја отстранува лутината и бесот, горчината и очајот.
Ахат е еден од најраспространетите кристали на планетава.Тој е изразито густ, тврд и отпорен минерал, дури потврд и од камен. Постојат повеќе од 150 видови ахат. Го има во сина, зелена, кафеава, црвена, бела, жолта, портокалова виолетова, сива и црна боја.
Многу кристали се користат за во кристалотерапијата, но ретки се тие коишто се употребуваат за лекување на целото тело. Ахатот е токму таков еден од ретките кој е благотворен за цел организам, ја подобрува и работата на црниот дроб, слезената, бубрезите, воспаленија на очите , го подобрува видот, регулира варење , помага при реума, простата, Позитивно делува на помнењето на концентрацијата на јаснотијата на мислите, заштитува од стрес и помага во правилно насочување на енергијата. Благотворен е и за желудечни тегоби и за болести на женските репродуктивни органи. Се користи и за елиминација на штетните последици од зрачење. Ахатот носи ментална и емотивна стабилност, го подобрува расположението, ја зголемува самодовербата, ги подобрува интелектуалните способности, помага при лекување на дишните органи, ги чисти крвните садови и лимфниот систем, делува на полодноста, штити од инфекции и воспаленија, помага при алергии, па дури и за рахитис и други коскени деформации .
Се верува дека црниот ахат е најдобар талисман. Ја намалува и лутината, а говорниците ги прави елоквентни, уверливи и полни самодоверба. Се смета дека носи рамнотежа на емоциите.
Ахатот има енергија која стабилизира и смирува.
Енергијата на ахатот ја држи личноста што го носи инспирирана, мотивирана, креативна и продуктивна.
Овој кристал се користи многу често зошто се смета дека го исполнува животот со радост и оптимизам, Со својата енергија ги поткрева луѓето што се слаби малаксани, непродуктивни. Освен за здравјето ахатот е камен кој може да донесе изобилство во сите аспекти на животот, посебно на финансиската состојба. Токму снагата што ја дава каменот овозможува да се постигнат финансиските цели. Неговата фреквенција делува за приземност, мудрост и авторитативност при донесувањето одлуки. Ја одстранува емоционалната дисхармонија.
Огнениот ахат има кафено црвенкаста боја со жолти, црвени или портокалови оксидни дамки што светкаат како пламени и му даваат огнен сјај. Го има во северно Мексико и во пустините и планините на југозапад на САД. Со сјајот и топлината што ја рефлектира огнениот ахат се препорачува за оние што се чувствуваат умртвени и зачмаени во своите досадни животни навики. Симболиката му е поврзана креација, со ново раѓање, оживотворување како што фениксот се раѓа од пепел. Ахатот се смета уште и за камен на благосотојбата и на новите почетоци.
Белиот ахат е познат како камен на мирот, Тој носи рамнотежа и склад на сите животни подрачја. Отсранува страв, немир, тескоби, напади на паника, елиминира лутина, бес и тага. Секористи за лекување, паркинсонова болест и епилепсија. Штити од меланоми затоа се носи при голема изложеност на сонце.
Мовест ахат е каменот на благосотојбата и на новите почетоци, Го викаат камен на богатството зашто привлекува богатство и изобилство.
Боцвана ахатот е познат како камен на промените, заштовнесува промени во животот на тој што го носи.Кристалот помагал и лечење од зависности и депресија. Се смета дека е детоксикатор, дека помага за закрепнување , позитивно делува на крвните садови и на кожата, Ахатот треба да се носи на себе, како накит или како камчиња или украсни предмети во џеб, во ташна, за да се активираат сите чакри и да се отклучат неговите лековити својства.
Соња Стојановска