Помалку познати својства на водата
Водата, чудесна течност која значи живот, еликсирот на младоста и здравјето, памти и сака класична музика, убави зборови, поприма лековити својства од сите материи и билки со кои доаѓа во контакт. Водата те слуша, водата памти и пренесува информации, ова се мислењата на стручњаците изведени од доказите на современата наукa.

На 12 конференција за водата и нејзините својства и меморијата во организација на Американскиот научник Џералд Поланд одржана во октомври 2017 година во Софија се презентирани нови докази кои ќе донесат големи промени во човештвото. За нив особено се заинтересирани јапонците кои на големо инвестираат во новите технологии. Главните докази се на руските и украинските научници, поттикнати од претходните експерименти на Жак Бенвенист и Масаро Емото. Природната и чиста изворска вода по миолитвата или класична музика од Бах и Бетовен формира чисти симетрични и многу убави кристали. Додека пак загадената вода ,онаа под влијание на хеви метал музика, лоши навредливи зборови има искривени неправилни кристали...Кога на оваа вода и се упатуваат убави зборови таа се менува што значи водата е жива и има својства на трансформација...Овој експеримент на Масару Емото од пред триесетина години ги поттикна научниците да докажат дека водата ја менува ДНК структурата. Овој извонредно важен доказ навистина може да го промени светот. Водата што ја пиеме ги пренесува на нас информациите што ги содржи.
Каква е водата, од каде извира, какво опкружување има се е важно. Сите големи претходни цивилизации се наоѓале покрај вода , а сега сите големи престолнини се наоѓаат на големи реки.Стручњаците сметаат дека водата е акумулатор и трансформатор на сите енергии кои постојат на земјата и во вселената...Го почнува животот оној момент кога ќе падне на земјата како дожд и тогаш се смета дека е чиста и не содржи минерали и елементи...меѓутоа на пат околу светот таа апсорбира се на што ќе наиде и го продолжува патот по реките езерата морињата...Испарува во облаците и повторно се враќа. Научниците велат дека водата попатно остварува интеракција со сите битија и животни процеси на земјата, ги превзема својствата на се на што ќе наиде и ги пренесува понатаму. Изворската вода содржи 18 различни молекуларни соединенија и 15 разновидни јони, а дестилираната ги нема. Затоа како изворна таа е еликсир за здравје и младост. Исцелиталната моќ на водата е позната со векови, особено од изворите до верските храмови... Со вода се крштева, со света вода се осветуваат домовите, шумот на водата се користи за лекување. Благотворното дејство на белиот шум се користи за целосно здравје особено за психата.... Денес не постои ниеден козметички производ кој не ја наведува хидратацијата како главен квалитет, а благотворноста на капењето во топла вода и детоксикацијата во сауните и парните купатила денес е дел од општата култура и грижа за здравјето. Хидротерапијата е применувана уште во античко време особено во римско време кога постоеле судатории парни купатила. Така и денешните СПА центри се кратенка од латинскиот Солус Пар Агва или лекување со вода. Бидејќи водата е речиси 70% од човековот тело, а дури 90% од човечкиот мозок многу зависи каква структура има таа бидејќи најмногу хемиски процеси се одвиваат во водата во нашето тело. Како се однесуваме кон водата така таа ни враќа, бидејќи таа е огледало на човечката свест...
Постои тешка вода која го забрзува стареењето и негативно влијае на нашиот метаболизам и претставува неутронски забавувач во нуклеарните реактори. Водата од стопените глечери е 20 пати полесна и голем дар од природата. Ја користат тибетанските Лами познати по виталноста и долговечноста. Тврдата вода иако се смета за неквалитетна сепак се покажа дека има повеќе калциум, магнезиум и елементи за подобро здравје. Водата од градскиот водовод е полна со бигор поради транспортот низ металните цевки. Природните минерални води се група подземни води полни со олиго елементи и минерали. Стручњаците докажле дека со замрзнување и идмрзнување на водата од чешма водата од чешма станува покорисна зашто така сите токсични материи остануваат на дното на шишето.
Прочуениот австриски научник Виктор Шаубергер уште во 20-тите години на минатиот век тврдел дека водата е жива односно се однесува како живо суштество, дека има животен век и судбина и дека доколку кон неа се однесуваме лошо таа може да се разболи и да се налути, а таа состојба потоа ја пренесува на сите живи организми што ја опкружуваат. Така влијае на сите билки животни и на луѓето..Тој не успел целосно да ја докаже својата теза , ноа затоа таму продолжил Масаро Емото. Водата сака убави зборови какао благодарам и те сакам. Врз основа на ова се толкува и хомеопатското лекување со вода во која се става стоти или илјадиие дел како лековита супстанца и информација за оздравување. Но ова сознание за пренесување на информациите преку водата и дејството врз ДНК структурата може да биде кобно за човештвото ако се однесува неодговорно и лошо кон водата третирајќи ја како неживо и неважно суштество...
Зборувајте и убаво на водата . Таа памти и може да ви го промени животот.
Соња Стојановска
