Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии
Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес.
Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.
