Јовановска- Стојановска: Не е важно во која земја живееме, корона вирусот нѐ стави на еднакво рамниште
Наша сограѓанка која веќе некое време престојува во САД, инаку врвен психолог, преку јавниот сервис ни пренесува како во најмоќната земја на светот се справуваат со корона вирусот. Вели нема големи разлики, освен јазикот на кој се говори и појакиот здравствен систем, но луѓето и таму ја губат битката како и секаде на светот...

Нѐ погоди сите на земјината топка и нѐ стави на еднакво рамниште. Повеќе не е важно во која земја живееме, која националност сме, која раса, дали сме богати или сиромашни, образовани или не, мажи, жени, деца. Вирусот не поштедува никого од опасноста дека ќе биде инфициран. Насекаде во светот дијапазонот на реакции е ист. Нашето глобално живеење, пристапот до информации за сите, па ги споделуваме преку социјалните мрежи, што влијае сепак да се создаде едно глобално размилување за работите, па и за Ковид -19, вели Мирјана Јовановска- Стојановска.
И кај нас и во Америка читајќи ги вестите, можам да кажам, вели нашата соговорничка дека реакциите се многу слични, само јазикот на кои што се напишани е различен, а проблематиката со која се соочуваат, значи сѐ поголемиот број на заболени, бројот на починати, или на оние кои страдаат од тоа, луѓето кои се изолирани е нешто што го изедначи светов и нема разлика во ништо. Освен поставеноста на здравствените системи и нивната моќ, вели Јовановска- Стојановска.
Како врвен психолог е уверена дека оваа криза со пандемијата ќе придонесе да се усоврши, и да се измени начинот на здравстевна заштита и грижата за здравјето на луѓето, секаде во светот.
Фиљана Кока
