22- годишната родилка која почина од Ковид-19 одбивала да биде хоспитализирана
22- годишната родилка која вчера почина во болницата „8-ми Септември“ двапати доаѓала на Гинеколошко акушерската клиника на 22-ри ноември, но одбивала хоспитализација. Одбивала згрижување во делот каде што биле ковид поизитивните, но од Клиниката појаснуваат дека иако била со негативен тест сите лабораториски наоди и клиничката слика укажувале дека била ковид- позитивна. Од здравство соопштија дека родилката имала дијабет и проблеми со тироидата...

22- годишната трудница која почина од коронавирус, во една ноќ два пати побарала лекарска помош, но одбивала да биде хоспитализирана на Клиниката за гинекологија, иако докторите и објасниле дека се става во ризик и себе си и бебето. Таа првично се почувствувала подобро од примената инфузија, се потпишала и заминала. Не сакала да биде хоспитализирана со образложение дека ќе лежи во делот каде се лекуваат ковид- позитивни пациентки, а таа имала негативен тест.
Сепак, и за неа, лабораториските анализи и симптомите укажувале на корононавирус. По трет и последен пат на клиниката дошла утрото на 23-ти минатиот месец, кога плодот веќе бил мртов, а нејзината состојба драстично влошена. Имала нерегулиран дијабетес и намалена функција на тироидната жлезда.
„Веднаш е префрлена во шок соба и започнато е со породување на пациентката. Породена е наредниот ден на 24-ти ноември со царски рез, добиен е мртов плод, 4 килограми и 300 грама. Пациентката била во 37 недела од бременоста со нерегулиран дијабетес. Не одела на редовни контроли и имала нерегулуран дејабет тип 1. Ова ѝ била прва бременост“, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Неколку дена по извршениот царски рез, пациентката во животозагрозувачка состојба била префрлена на лекување во болницата „8-ми Септември“. Таму лекарите 15 дена се бореле за нејзиниот живот, но безуспешно.
Пациентката била без класични симптоми на коронавирусот како температура и кашлање, но повраќала и имала дијареа. И направиле ПЦР-тест, кој покажал дека е позитивна.
Од ГАК велат дека најверојатно ќе немало ваков исход за бебето и за мајката, доколку родилката ги послушала советите на дежурната екипа.
Од почетокот на епидемијата на Клиниката за гинекологија биле хоспитализирани околу 310 пациенти позитивни на ковид. Околу 180 биле породени. Мал дел од нив завршиле во ковид центрите.
Андријана Атанасовска
