Петмина во трка за градоначалник на Штип

11.12.2020 17:04

Во Штип денеска ќе гласаат пријавените 12 болни со Ковид- 19, како и лицата што се во изолација, а во болните, немоќните и осудените.

Во земјава од денеска, изборен молк. Почна гласањето на предвремените локални избори во општините Штип и Пласница. Во Штип, во трка за градоначалник се петмина, во Пласница двајца. Први, своето избирачко право го искористија болните од Квид-19 и луѓето кои се во изолација поради контакт со заразен.

До 14 часот во Штип гласаа сите 12 пријавени, а во Пласница денеска немаше гласање. Утре на ред се болните, немоќните, притворениците и осудениците. В недела е главниот изборен ден.

Новоизбраните градоначалници ќе имаат мандат од едвај девет месеци, до редовните локални избори в година.

Славица Величковска ги има деталите од Општинската изборна комисија.