Тутунарите донесоа одлука за прекин на протестите
По средбата со откупувачите и со надлежните, тутунарите донесоа одлука за прекин на протестите. Велат, даваат шанса до петок да се стигне до разумна откупна цена. Во спротивно, се заканија со масовни блокади. Производителите тврдат дека не е точно оти реколтата е лоша. Нов состанок е закажан за крајот на идната недела...

Договор да се стопираат закажаните протести и до петок да се носи тутун. Ова е епилогот по средбата меѓу надлежните, откупувачите и тутнарите, кои сепак, предупредија дека доколу до идната недека не се најде решение за фер цени ќе има протести и блокади.
Од иницијативниот одбор инфомираа и дека ќе излагаат на терен со овластување да го следат целиот процес и онаму каде што ќе има проблем, веднаш да реагираат.
Сите повереници од понеделник да се вратат на своите работни места на вагите, а секоја кутија која нема да биде реално проценета да биде тргната на страна, велат од Сојузот на земјоделски здруженија.
Тутунарите побараа инспркторатот и второстепената комисија да бидат поактивни.
Тутунарите порачаа - не бараме ништо туѓо, само да се плати нашата мака.
Марија Котовска
