Штип и Пласница бираат нови градоначалници

13.12.2020 09:47

Избирачките места се отворени навреме. Се затвараат во 19 часот. Од Државната изборна комисија информираат дека денешниот изборен процес во двете општини тече без проблеми...

Трет ден гласање на предвремените локални избори во Штип и во Пласница. Штипјани своето право на глас можат да го дадат за еден од петтемина кандидати за градоначалник. Од Општинската изборна комисија велат дека протоколите за гласање во целост се почитуваат. Во избирачкиот список се запишани 41.177 гласачи.

Во избирачкиот список за предвремените локални избори во Пласница, со право на глас се запишани 4.954 избирачи. Bo изводите од избирачки список се регистрирани 4.581 гласач, а 372 гласачи се евидентирани дека се на привремена работа или престој во странство. За градоначалничката фотеља се борат двајца претенденти.

Избирачките места се отворени навреме. Се затвараат во 19 часот. Од Државната изборна комисија информираат дека денешниот изборен процес во двете општини тече без проблеми.