ДИК: До 9 часот излезеноста во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто
Сите избирачки места во Штип и Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми...

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9 часот гласале 1.227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите во Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41.177 гласачи, додека во Пласница 4.954.
Сите избирачки места во Штип и Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се додава во соопштението на ДИК.
Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.
