Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за затворање на угостителските објекти за празниците

13.12.2020 10:09

Доколку е неопходно, во одредени денови е можно да бидат целосно затворени, за да се спречи групирањето и ширењето на вирусот. Што и да препорача Комисијата, предлогот прво оди пред Кризниот штаб.

Утре Комисијата за заразни болести ќе одлучува за евентуално затворање на угостителските објекти за новогодишните и божикните празници. Доколку е неопходно, во одредени денови е можно да бидат целосно затворени, за да се спречи групирањето и ширењето на вирусот. Што и да препорача Комисијата, предлогот прво оди пред Кризниот штаб.

Угостителите сметаат дека и да се донесе таква одлука, тоа нема да влијае на нивното работење, бидејќи посетеноста на локалите е намалена. Бараат добри протоколи за работа, а паралелно надлежните да ги засилат контролите.

Пред извесен период, како заштита од ширењето на заразата Владата донесе одлука угостителските објекти да работат до 21 часот.

Кон средината на идната недела, ќе се разгледува можноста и за евентуален предвремен зимски распуст за учениците. Од Министерството за образование сметаат дека за тоа нема потреба, бидејќи нема трансмисија на коронавирусот во училиштата. Првото полугодие завршува на 31 декември, а вториот дел од учебната година продолжува на 21 јануари.