Филипче: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

13.12.2020 10:18

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

Вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата, изјави министерот за здравство Филипче.

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира  60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

„Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите“, истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.