Над 22 илјади активни случаи со Ковид-19 во земјава

13.12.2020 09:44

Во последните 24 часа се направени 2.805 тестирања, регистрирани се 982 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од нив се во Скопје...

Во последните 24 часа се направени 2.805 тестирања, регистрирани се 982 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од нив се во Скопје. Починати се 19 лица, четири пациенти од Скопје, исто толку од Крива Паланка, по двајца од Охрид  и од Гостивар, и по еден пациент од Куманово, Струга, Велес, Битола, Кавадарци, Кратово и од подрачната единица Делчево- Македонска Каменица, на возраст од 40 до 87 години. Од нив, двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата надмина 73 илјади, оздравени се 48.726, а починаа 2.096 пациенти. Над 22 илјади се активни случаи.