Туристичките центри за празниците ќе останат празни
Туристичките центри за новогодишните празници ќе останат празни. Во хотелите на брегот на Охридското Езеро нема резервации од странски гости, а интерес нема ниту од домашните. Се изнајмуваат апартмани и вили...

Туристичките центри за Новогодишните празници ќе останат празни. За разлика од минатото, годинава поради пандемијата во хотелите на брегот на Охридското Езеро нема воопшто резервации од страна на странски гости, интерес нема ниту од домашните.
Во угостителските објекти, очекувано нема да има организиран дочек на Новата 2021 година. Интерес има само за изнајмување вили и апартмани од страна на помладите од земјава.
„Повеќето хотели одлучија да нема воопшто дочек на Нова година, да има последно време барање на приватни вили го гледаме тоа по социјалните мрежи најверојатно луѓето ќе си слават повеќе дома“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Охрид и Струга „блеснаа“ во старо новогодишно руво, украсени со ланските реквизити. Нема да има организирани забави на градските плоштади, парите ќе се пренаменат за справување со последиците од пандемијата.
И покрај тоа што нема да има организран дочек за најлудата ноќ, сепак на брегот на Охридското Езеро се очекуваат мал број домашни гости, особено оние кои имаат свои стнови и апатмани.
Инспекцијата најави засилени контроли, а од утре ќе се одлучува дали дополнително ќе се намали работното време и на угостителските објекти.
Охрид и Струга изминативе години беа атрактивни туристички дестинации кои за Новогодишните празници привлекуваа илјадници гости од Балканот.
Соња Рилковска
