Штип

Гласањето генерално се одвива непречено

13.12.2020 16:42

Гласањето во Штип тече без прекин и со примена на здравствените протоколи, а штипјани очекуваат победникот на изборите да го реализира ветеното во изборната програма.

Гласањето за избор на градоначалник во Штип главно тече без пречки. Освен една пријава во СВР Штип за гласање на две лица со решение за изолација, во Општинската изборна комисија нема пријави за загрозување на гласачкото право или нерегуларности. Гласачкото место во населба „Македонка“ кое утринава осамна со партиски симболи испишани со спреј на фасадата, почна со неколку минути задоцнување.

Во најголем дел од гласачките места кои ги посетивме гласањето тече без проблеми. Штипјани очекуваат новиот градоначалник кој ќе ја добие довербата од граѓаните, да ги исполни предизборните ветувања.

Според Изборниот законик, за да бидат успешни изборите во првиот круг треба да излезат најмалку една третина од избирачите запишани во Избирачкиот спсисок, а кандидатот за кој ќе гласаат повеќе од половина од гласачите, ќе биде прв човек на Штип во наредните девет месеци.

 

Славица Величковска