Предлог- законот за попис пред пратениците
На дневен ред е Предлог-закон за попис на населението со европско знаменце. Пописот треба да започне на први април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.

Собранието денеска треба да ја одржи 25-тата седница. На дневен ред е Предлог-закон за попис на населението со европско знаменце. Пописот треба да започне на први април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.
Се очекува податоците да бидат готови за шест месеци. Меѓу точките на дневен ред на денешната седница е и предлог- одлуката на Владата со која треба да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30-ти јуни следната година.
Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20-ти минатиот месец, со одлука на владата, а на барање на Советот за безбедност.
