Николов и Јаоски официјално нови градоначалници на Штип и Пласница
Сашко Николов и Алија Јаоски и официјално се новите градоначалници на Штип и Пласница, со мандат од девет месеци, сѐ до редовните локални избори во 2021 година...

Сашко Николов и Алија Јаоски и официјално се новите градоначалници на Штип и Пласница, со мандат од девет месеци, сѐ до редовните локални избори во 2021 година.
Според податоците, од 81 избирачко место, на вчерашните дополнителни избори за градоначалник на Штип, на гласање излегле над 14.500 од вкупно 41.777 избирачи. Одзивот изнесува 34,78 проценти. За кандидатот на СДСМ, Сашко Николов гласале 11.668 или 80,31 % од гласачите, за Симон Поликарп, кандидат на
Интегра гласот го дале 1.198 граѓани или 8,25 %.
Во Општина Пласница вчера правото на глас можеа да го исполнат 4.954 граѓани на девет избирачки места. Според податоците на Државната изборна комисија, Али Јаоски добил 1.696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231 глас.
