Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати
14.12.2020 11:35
Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали.

На подрачјето на општина Сарај, во село Долно Свиларе вчера полицијата извршила повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и предмети поврзани со извршени кривични дела.
Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали.
Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка, соопштуваат од МВР.
