Германија: Од среда јавниот живот под клуч

14.12.2020 11:26

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека сите продавници во земјата ќе бидат затворени, освен продавниците за самопослужување и аптеките.

Јавниот живот во Германија, од среда ќе биде „замрзнат“ поради сè поголемиот број на новозаразени со Ковид-19. Канцеларката Ангела Меркел изјави дека сите продавници во земјата ќе бидат затворени, освен продавниците за самопослужување и аптеките.

Фризерски салони и други дејности кои наложуваат услуги со близок контакт ќе бидат затворени, како и училиштата и градинките. Наставата ќе се одржува преку интернет.

Меркел апелираше до работодавците да им дозволат на работниците да работат од дома што е можно повеќе, со цел дополнително да се намалат контактите.

За ублажување на економските загуби владата вети помош за компаниите што ќе бидат погодени од новите мерки.