САД: Последен обид за оспорување на електорските гласови

14.12.2020 12:00

Претседателот Трамп повторно изјави дека не ги признава резултатите од изборите за кои тврди дека се украдени.

Група републикански пратеници, предводени од конгресменот Морис Брукс од сојузната држава Алабама ќе го направат последниот обид да ги оспорат резултатите од претседателските избори на 3-ти ноември за потврдување на резултатите од електорскиот колеџ во двата дома на Конресот на 6-ти јануари.

Претседателот Трамп повторно изјави дека не ги признава резултатите од изборите за кои тврди дека се украдени. Повторно порача дека спорот во врска со изборите „не е готов“.