Собрание
Поништено гласањето за кризната состојба
14.12.2020 13:30
Гласањето за одлуката за продолжување на кризната состојба заради спречување на ширењето на епидемијата, беше поништено откако собранискиот спикер Талат Џафери констатира дека нема доволни пратеници во салата...

Гласањето за одлуката за продолжување на кризната состојба заради спречување на ширењето на епидемијата, беше поништено откако собранискиот спикер Талат Џафери констатира дека нема доволни пратеници во салата за да може полноважно да се одлучува.
Во салата имаше само 57 пратеници. Спикерот Џафери рече дека откако ќе се создадат услови за гласање, односно ќе се обезбеди присуство на мнозизинство од вкупниот број пратеници, тие ќе се навратат повторно на гласањето за одлуката.
