Непознат маж оставил бебе на хауба во центарот на Скопје

16.03.2014 13:10

Случајот бил пријавен од страна на случаен минувач, по што бебето веднаш било земено од надлежните институции, и згрижено на детската клиника...

Непознат маж утринава фрлил неколкумесечно бебе, на хауба на автомобил во Скопје. Автомобилот, каде што било пронајдено живото бебе, бил паркиран на паркингот зад Министерството за финансии на улицата „Никола Вапцаров”.

Случајот бил пријавен од страна на случаен минувач, по што бебето веднаш било земено од надлежните институции, и згрижено на детската клиника.

Засега нема информации, во каква состојба е детето, ниту пак, кој го оставил таму. Полицијата го потврди случајот, а повеќе детали најавува во текот на денот

Само во Скопје секоја година триесетина деца  се напуштени од своите биолошки родители.. најголем дел од нив новороденчиња, оставени од своите мајки уште во породилиштето, најдени во паркови, во контејнери.

Јавноста се согласува дека тешко е да се најде оправдување за ваквите одлуки. Најголем дел од оваа категорија родители се со пониско образование или се социопсихопатски личности.