Здравје

Какви навики имаат најздравите луѓе на светот

14.12.2020 13:57

Гените не се единствени одговорни за долг живот, добрите навики играат голема улога во тоа. Дан Батнер и неговиот тим проучувале стогодишници и областите во кои живеат. Тие ги истакнаа Сардинија (Италија), Икарија (Грција), Окинава (Јапонија), Полуостровот Никоја (Костарика) и градот Лома Линда (Калифорнија). Тие ги нарекоа споменатите региони сини зони.

Тие заклучија дека тајната за долговечноста на луѓето во сините зони не се само гените. Сите тие имаат здрави навики вградени во нивната култура. Најздравите луѓе во светот имаат неколку клучни навики на кои им ја должат својата долговечност.

Тие се силно поврзани со истомисленици

„Ако твоите пријатели не пијат алкохол, јадат здраво и се пресоздаваат, тоа на крајот ќе стане твоја цел“, заклучува студијата. Пронајдете некој што ќе ве поддржи, без разлика дали станува збор за воведување здрава исхрана или вежбање. Одвојте време да се поврзете со луѓе чии навики ве инспирираат и мотивираат да бидете подобри во секој поглед.

Физичка активност

Испитаниците истакнале дека практикуваат некоја форма на физичка активност. Тие често се качуваат по скали или одат на прошетки. Одење е нивниот примарен начин на движење.

Луѓето во сините зони го ценат одморот

"Сите забележани групи имаат еден ден неделно да ги полнат батериите. Истражувањата откриле дека да се биде далеку од работа барем еден ден во неделата може да ве направи попродуктивни и претпазливи кога ќе се вратите на работа", рече Батнер.Она што можете да го направите сами е да одвоите неколку часа на ден кога нема да го проверувате вашиот мобилен телефон и да правите само она што ве опушта,

Јадат здраво

Луѓето во сините зони престануваат да јадат кога се 80 проценти полни. Исто така тие  претежно насочени кон храна од растителна основа. Нивната исхрана е богата со зеленчук, овошје, цели зрна, јаткасти плодови и мешунки. Тие исто така го ограничуваат внесувањето на алкохол и кафе, а претежно консумираат вода, чај и повремено чаша вино.

Дијана Гогова Атанасова