Историја на планетарно најзастапеното слатко задоволство- чоколадото

14.12.2020 14:03

Денешното чоколадо кое планетарно е обожувано и ретко некој може да му одолее, имало многу долга и бурна историја. Според истражувањето на стручњаците во својот основен течен облик чоколадото без блажина е користено уште пред 3500 години во времето на древната јужноамериканска цивилизација на Маите.

Денешното чоколадо кое планетарно е обожувано и ретко некој може да му одолее, имало многу долга и бурна историја. Според истражувањето на стручњаците во својот основен течен облик чоколадото без блажина е користено уште пред 3500 години во времето на древната јужноамериканска цивилизација на Маите.

Маите правеле чоколаден напиток мешајќи толчено семе на какао, вода и лути пиперчиња, кој главно го користеле при одредени религиски ритуали, па затоа го нарекувале храна на боговите. Важноста на билката какао во тоа време била огромна, се зборувало дека има магијска моќ. Дури и ѕидовите на нивните палати биле насликани со плодовите на какаото. Тоа го сврстува какото во најстарите напивки кои ги познава човештвото. Околу 600-та година на новата ера при миграцијата на север, Маите на полуостровот Јукатан ги направиле првите плантажи за одгледување какао. Во тоа време како и долго потоа, благородниците биле фасцинирани од чоколадото во својот првобитен облик и се сметало за престижна храна. Освен Маите, и Адстеките правеле пијалок од какао и вода кој го нарекувале Ксокоати, што значи горчлива вода. Вредноста на какаото во тоа време била толкава што обичниот народ, зрната од какао ги користел како пари за размена со други производи. Според историските написи шпанскиот освојувач на Мексико Ернан Кортес ја забележал навиката на Адстечкиот крал Монтезуме да пие чоколаден пијалок и во 1528 година решил чоколадото да му го претстави на шпанскиот крал Карло Петти. Кусо потоа, Шпанија држела монопол за производство на чоколади за потребите на Европскиот пазар. Во тоа време чоколадото добило сосема нов вкус, зашто во него се додавало шеќерна трска. Шпанските војници почнале да подготвуваат чоколадо први во Европа, додавале шеќер и цимет, но и понатаму во форма на пијалок. Зрното на какао останало како средство за плаќање. Магијата на чоколадниот пијалок брзо се проширила низ стариот континент, отпрво меѓу благородниците и богатите , а потоа низ цел свет. Во 1609 година во Мексико се појавила и првата книга посветена на чоколадото. Првата продавница за чоколади е отворена во Лондон во 1657 година како куќа на чоколадото, во која се точела оваа напивка.

Хемичарите дури во раниот 19 век во Холандија нашле начин на чоколадото да му дадат цврст облик каков што е денес. Денешното чоколадо настанало благодарение на Холанѓанецот Конрад ван Хојтен, кој во 1828 година патентирал хидраулична преса за дробење какао зрна во прав. Наредната иновација во светот на чоколадото односно производството на првите штангли му припаѓа на Џозеф Фреј кој користел специфична мешавина од какао и од холандска верзија чоколадо и направил цврсти калапи.
Иако чоколадото во Швајцарија пристигнало во 1750-та година благодарение на италијанските произведувачи на чоколади и трговци, а првата фабрика во оваа земја е отворена 70 години подоцна. Во 1875 првото чоколадо со млеко на пазарот го пласирал Даниел Петер, син на месар од швајцарското градче Веви.

Првиот офоцијален чоколаден колач, станала австриската Захер торта во 1778 година. Потоа чоколадото почнува да се појавува во мноштво облици и вкусови, филувано, полнето, мешано со овошје, житарки, јаткасти плодови и што ли уште не. Денес се смета дека постајат преку 600 облици на ова слатко задоволство, со различен процент на какао, а секако најквалитетни се горчливите чоколади со најмногу какао.

Соња Стојановска