Нови цени на горивата од полноќ
14.12.2020 14:48
Од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари.

За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а Еуросупер БС-98 за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари.
Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 62,00 денари за литар. Во следните седум дена мазутот ќе се продава по цена од 28,287 денари за килограм.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на поскапувањето на бензините на светските пазари.
