Прилеп

Откупот на тутун продолжи, незадоволството остана

14.12.2020 15:59

Тутунарите останаа незадоволни и револтирани иако откупот продолжи. Ништо нема од договореното, велат незадоволните тутунари и од Сојузот на земјоделските здруженија. Пак бараат средба со министерот во Прилеп и гаранција за реален откуп. Во спротивно, најавуваат протести во целата држава...

Откупот денеска продолжи, ама тутунарите останаа незадоволни и револтирани. Не се спроведува договореното од петокот во Министерството за земјоделство. Нема реална цена, тутунарите го враќаат родот.

 Освен во Прилепскиот комбинат со ветена нагорна линија, другите откупувачи излажаа, велат незадоволните тутунари и Сојзуот на земјоделските здруженија.

За утре се бара нова средба со министерот во Прилеп, гаранција за реален откуп и директна средба со откупувачите. Во спротивно, од среда ќе се протестира во целата држава.

Годинашнава реколта е околу 23.000 тони. Досега се откупени само еден и пол насто. Во земјава од тутунот живеат 30.000 семејства.

 

Елизабета Митреска