Аграрот да се прилагоди на климатските промени

16.03.2014 13:17

Експертите по земјоделство алармираат дека доколку продолжат временските прилики какви што веа изминатиов период, на жешките лета со краткотрајни интензивни врнежи,аграрот ќе мора да се подготви за справување со временските температурни разлики и промени...

Климатските промени најголем предизвик за македонското земјоделство. Ова е ставот на експертите кои неколку години ги мерат температурите, количеството врнежи и целокупните временски прилики на нашето поднебје. Според нив, доколку продолжи тенденцијата на многу жешки лета, со големи температрни разлики и краткотрајни интензивни врнежи, аграрот ќе мора да се прилагоди и да се заштити од климатските промени. Еден начин е директното влијание врз кореновиот систем на растенијата.

„Систем капка по капка заради заштеда на водатас сигурно. Но, и да се предизвика подобар раст на коренот и подобра заштита на кореновиот систем од болести и штетници“, објаснува професор Слободан Банџо- Земјоделски институт Скопје.

Земјоделците лани имаа и до 30% помал род. Изгорени плодови, мутации на растенијата и родот, намален квалитет и квантитет. Велат, дека трошоците за заштита не се толку големи колку губењето на родот.

„Ако споредиме со изгубеното производство и она што треба да се вложи минималното, тогаш мислам дека за нашиот земјоделец не би требало да претставува кој знае кава голема инвестиција“, вели Никола Стаменов од ФФРМ.

18 локации вдолж течението на реката Вардар поставени се демонстративни полиња каде што земјоделски експерти истражуваат кои се најефикасните заштитени мерки, кои нема да удрат по џебот на земјоделците.

„На јакнење на јавната свест и кај земјоделците, но и кај целокупното население во руралните краеви за да осознаат и да станат свесни дека мора нешто да се преземе“, вели Ана Дамовска- Мрежа за рурален развој.

Адаптацијата на земјоделството врз климатските промени„ е проект кој го спроведува Мрежата за рурален развој, финансирано од УСАИД во соработка со Федерацијата на фармери и Агенцијата за поддршка на руралниот развој. 

 

Катерина Дафчева