Интегра: Поткуп од 200 евра по даден глас за СДСМ на изборите во Штип
Од Интегра обвинуваат за кршења на изборниот процес на локалните избори за градоначалник на Општина Штип. Како што посочија од партијата, до нивни симпатизери и активисти стигале информации за нудење поткуп. Велат, Македонија под владеење на Социјалдемократскиот сојуз, никогаш нема да направи исчекор кон демократија, правда и правичност...

Информации за нудење на поткуп од 200 евра по даден глас за Социјал демократскиот сојуз стигнале до активисти на партијата Интегра. Обвинуваат за кршења на изборниот процес на локалните избори за градоначалник на Општина Штип. Од таму велат македонскиот народ како да е сѐ уште под анестезија.
Мора да се сфати важноста на изборите како демократско право, велат од Интегра. Македонците да знаат дека власта е во нивни раце. Само со масовна излезност паѓаат црно-белите бастиони кои што македонскиот народ ги има како опции три децении.
Ги разгледуваме материјалните докази и во најбрз можен рок ќе утврдиме дали ќе поднесеме приговори до Државната изборна комисија, велат од Интегра.
Александра Спировска
