УЈП

179 компании повторно ја злоупотребиле државната помош

14.12.2020 16:30

179 работодавачи земале финансиска помош од државата како погодени од пандемијата со Ковид-19. За месец октомври не исплатиле плата на 338 вработени. Непослушни фирми имало и за април, мај и јуни. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска најави дека ќе биде објавена листата на работодавци кои ги прекршиле законите. За нив следуваат опомени и предвидени глоби. Најави засилени контроли...

За месец октомври 179 работодавачи земале финансиска помош за плати  како погодени од пандемијата со Ковид-19, но, не ја исполниле обврската. 338 вработени останале без плата. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска најави дека ќе биде објавена листата на неплаќачите.

Лукаревска најави засилени контроли. За неплаќачите следуваат опомени и предвидени глоби кои се движат од 500 до 10 илјади евра.

Најмногу фирми кои не исплатиле плати на своите вработени се од Скопје 52, 41 од Тетово и 15 од Гостивар. Непослупшни фирми имало и за месеците април, мај и јуни.

 

Наташа Гркова- Петрушевска