Ковид-19

Комисијата со нови мерки за празниците, угостителите не се согласуваат

14.12.2020 16:38

Угостителските објекти да затвораат во 18 часот, хотелите да ги изгаснат светлата на своите ресторани по 21 часот, да се забранат прославите по фирми- нов предлог на Комисијата за заразни болести. Ќе достават и препорака да нема групирање во станови за престојните празници...

Комисијата за заразни болести за престојните празници препорача угостителиските објекти да се затворат во 18, наместово 21 часот за да се избегне зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19. До Владата ќе достави нов предлог на рестриктивни мерки за периодот од 18-ти декември до 21-ви јануари.

Претставници на Комисијата за заразни болести се состанаа со Независната угостителска комора. Угостителите не се согласуваат со предложениот пакет мерки за реорганизација на работното време. Бараат на Новодишната ноќ објектите да работат до 1 часот по полноќ.

Комисијата до Владата ќе препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Се апелира да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба. Се препорачува и забрана за групирање по плоштади за дочек на новата година.

 

Дијана Ценевска