Ковид-19

Почна најголемата дистрибуција на вакцини во САД

14.12.2020 14:55

Првите три милиони дози моментално се дистрибуираат до десетици локации во сите 50 американски сојузни држави и први кои ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници и штитениците на старечките домови.

САД ја почнаа најголемата и најсложена дистрибуција на вакцини во својата историја. Првите три милиони дози моментално се дистрибуираат до десетици локации во сите 50 американски сојузни држави и први кои ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници и штитениците на старечките домови.

„Очекуваме 20 милиони вакцинации овој месец. Потоа мислиме дека ќе достигнеме до 50 милиони вкупни вакцинации на луѓе до крајот на јануари и 100 милиони до крајот на февруари со вакцините на Модерна и Фајзер“, изјави Алекс Азар, секретар за хумани и здравствени услуги.

Доналд Трамп изјави дека вработените во Белата куќа нема да бидат меѓу првите кои ќе бидат вакцинирани, додавајќи дека ќе се вакцинира во соодветно време. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД е во значителен пораст од минатиот месец.